Аргентинскиот ас и капитен на Интер, Лаутаро Мартинез досега постигна 22 голови на 23 натпревари од Серија А, и веќе е реално да тргне по рекордот на Игуаин и Имобиле.
Игуаин и Имобиле се рекордери по бројот на постигнати голови во една сезона од Серија А, двајцата имаат по 36 голови.
Со двата гола во минатото коло против Лече, Лаутаро Мартинез дојде до бројката од 22 гола оваа сезона.
До крајот на сезоната преостануваат уште 13 кола за играње, на Лаутаро му требаат уште 14 голови за да ги стигне Имобиле и Игуаин.