Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ имаше блескава претстава во пресметката со Полска и беше еден од најдобрите во второто коло од квалификациите за Европското првенство.

Нашиот најдобар кошаркар одигра историски натпревар против Полска на гостински терен и уште еднаш потврди дека е лидер на оваа генерација. На теренот ги помина речиси сите 40 минути (со исклучок на 35 секунди), а бројките зад неговото име се неверојатни.

 

 

Постигна 32 поена, 8 скока и 8 асистенции и за него вчера и денеска пишуваат сите реномирани европски кошаркарски медиуми. Меѓу другото, со 32. постигнати поени против Полска, Димитријевиќ е најдобар стрелец во второто коло од квалификациите за Европското првенство.

Меѓу оние кои го одбележаа овој круг е и натурализираниот Македонец, Итан Хап кој е најдобар „крадец“ со пет украдени топки, колку што има и Кендрик Пери од селекцијата на Црна Гора.