Македонските кошаркари денес ги добија противниците во борбата за пласман на наредното Светско првенство.

Отвараме против актуелниот светски шампион Шпанија, а дуелот е закажан на 26 ноември. За очекување е дека НБА ѕвездите нема да настапат за Шпанија па нашата задача ќе биде малку полесна иако Шпанците се изразит фавотит за првото место. Потоа патуваме во Украина и таму може да се понадеваме на позитивен резултат.  Во февруари два пати ќе се надигруваме со Грузија, а квалификациите ги завршуваме во јули прво на гости со Шпанија па дома со Украина.

Форматот за квалификување на СП е следен. Од нашата група понатака обезбедуваат пласман првите три репрезентации. Овие три репрезентации ќе се спојат со првопласираните три од групата Х каде се Русија, Холандија, Исланд и Италија. Секоја од репрезентациите ги пренесува освоените бодови во новоформираната група и доигрува со новите ривали. Првите три репрезентации од новоформираната група ќе патуваат на СП 2023.

Распоредот во прилог:

1. коло – 26.11.2021
Грузија – Украина
Македонија – Шпанија
2. коло – 29.11.2021
Шпанија – Грузија
Украина – Македонија
3. коло – 24.02.2022
Шпанија – Украина
Грузија – Македонија
4. коло – 27.02.2022
Украина – Шпанија
Македонија – Грузија
5. коло – 01.07.2022
Шпанија – Македонија
Украина – Грузија
6. коло – 04.07.2022
Грузија – Шпанија
Македонија – Украина