Светската кошаркарска федерација (ФИБА), го одржа ждребот за квалификациските групи за Мундијалот во 2023 година. Репрезентацијата на Македонија беше во последниот, осми шешир.

Среќата посака Македонија да се најде во групата Г, против Шпанија, Украина и Грузија. За да продолжиме чекор понатака доволно е да не завршиме на последното место. Тоа значи дека шансата ќе ја бараме против Грузија и Украина.