Никола Јокиќ го воодушеви Шекил О’Нил со играта против Лос Анџелес Клиперс.
Србинот ги предводеше Нагетс до победата 127: 115 со 30 поени од 15 шута , со 14 скока, 6 асистенции, 3 блокади и две украдени топки , со само една загубена.
„Сјајна игра, велика душо“, се обиде да му честита на Јокиќ за одличниот настап на српски јазик О’Нил.
Јокиќ се насмеа и откако малку го поправи, истакна дека обожава кога се обидува да зборува на српски .
https://twitter.com/katywinge/status/1506489818737524740?s=20&t=dSaP_clplTlLfOwwiE2Ndg