Тројната Грен слем победничка и прва тенисерка во светот Ешли Барти реши да го објави своето тениско повлекување на врвот од кариерата, како прва во светот и бранителка на два Грен слема со само 25 години .

Австралиската тенисерка Ешли Барти, првата тенисерка во светот и актуелна победничка на Австралија опен и Вимблдон, објави дека се пензионира. Барти својата одлука ја објави на социјалните мрежи.

Барти се пензионира на само 25 години, а во пораката објаснила дека ја завршува тениската кариера за да „следи други соништа“.

„Толку сум среќна и толку подготвена. Во моето срце знам дека во овој момент, за мене како личност, ова е вистинската одлука“, напиша таа.

Барти е трикратен победник на Грен слем. Таа ја освои својата прва титула на Ролан Гарос во 2019 година на 23-годишна возраст, по што следеше Вимблдон во 2021 година и Австралија опен во 2022 година, а до пензионирањето со Серена Вилијамс беше единствената активна тенисерка со Слемови на сите три подлоги.

Ова не и е прво пензионирање бидејќи од 2014 до 2016 година како тинејџерка паузирала од тенисот и играла крикет.

https://twitter.com/Wimbledon/status/1413883380454903811?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1413883380454903811%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.bbc.com%2Fnews%2Fworld-australia-60843870

Барти беше многу успешна уште од нејзините рани денови, дебитирајќи на Австралија Опен на само 15 години, а на 19-годишна возраст веќе има одиграно три Грен слем финалиња во парови со Кејси Делаква, пензионирана австралиска тенисерка од која и сега побарала совет. .

“Не бев сигурен како да ви ја кажам оваа вест, па го прашав мојата добра пријателка Кејси за совет. Благодарна сум за се што ми даде овој спорт, си заминувам горда и исполнета”, изјави Барти .