Секако дека главна “фаца“ е Горан Пандев. Тој е икона на мак –фудбалот а голема легенда во Италија.Имено во Серија А одиграл 493 меча а постигнал вкупно 101 гол. Уште игра, и тоа во Парма во Серија Б, има играно на почетокот од кариерата и во Серија Ц.
Негов наследник секако дека е Елиф Елмас кој блеска во Наполи. Важи за еден од најдобрите играчи во составот на Лучијано Спалети. Свој белег оставија Илија Несторовски, Александар Трајковски, а во Серија А има играно и Агим Ибраими и има дадено голови за Каљари.
Секако дека не смееме да заборавиме на еден од најголемите македонски фудбалери, Дарко Панчев и неговата несреќна епизода во Интер.
Инаку вкупно 14 Македонци играле во трите лиги во фудбалска Италија. Сите тие на јавноста и се добро познати, но зачудувачки е тоа што во сезоната 1949/50 во Серија А играл Македонецот од Битола Спасоје Николиќ. И не само што играл туку дал и гол за својата Венеција тогаш. Станува збор за битолчанец кој е роден во 1922 година,играл и во Франција. Почина во 1978 година на само 56 години.