Тој минатата недела бил опериран во својата татковина поради проблеми со рскавицата на коленото, но по враќањето во Франција се соочил со непријатности во долните екстремитети и со белите дробови, но потенцирано е дека е надвор од животна опасност. Хансен ќе биде надвор од терените во следните 4-6 месеци, бидејќи болеста мора да биде третирана со антикоагуланти кои не се компатибилни со контактен спорт на светско ниво.
Данецот во кариерата има по едно олимписки и европско злато и две победи на Светските првенства, а рекордни трипати е прогласуван за најдобар ракометар во светот. Тој има еден тон колективни и индивидуални награди, но еден успех му недостасува – триумф во Лигата на шампионите