Денеска во Будимпешта беа извлечени бараж двојките за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска следната година.
Машката репрезентација на Македонија ќе мора да игра да мине две пречки до нов настап на светски собир.
Избраниците на Кире Лазаров најпрво ќе се соочат со селекцијата на Романија во двомеч од првиот бараж. Македонија ќе биде домаќин на првиот натпревар.
Романците мораа да минат претквалификациски турнир за да стигнат до првиот бараж, а таму успешно ги минаа Израел и Молдавија.
Доколку Македонија ја мине репрезентацијата на Романија во првиот бараж двомеч ќе игра со уште потежок ривал.
Втора и последна пречка за избраниците на селекторот Кире Лазаров до место на СП би била селекцијата на Чешка.
Првиот меѓусебен натпревар би се играл на гостински терен, додека реваншот би бил во Македонија.
Чешка играше на Европското првенство во Унгарија и Словачка, и беше елиминирана во првата рунда, но заврши на 13 место.
Натпреварите од првиот бараж се играат меѓу 14 и 20 март, додека натпреварите од вториот бараж се на програмата во 11 и 17 април.