Центарот на Филаделфија 76 Џоел Ембиид ја игра најдобрата сезона во кариерата и го држи тимот во позиција директно да влезе во плеј-офот. Со сегашната форма, Камерунецот остварува бројки кои не се видени повеќе од половина век.
На последните четири натпревари, Ембиид постигна 50, 40, 38 и 42 поени, односно вкупно 170 за 128 минути на паркетот. Тоа дава просек од 1,32 поени во минута, колку што имаше само Вилт Чембрлен во НБА од 1951 година во период од четири натпревари, доминирајќи во 1960-тите.
Анализираниот број на натпревари е мал, но покажува колку е голема напаѓачката моќ на Ембиид и колку е тешко да се одржи такво ниво дури и за толку краток период, бидејќи дури и најдобрите стрелци како Мајкл Џордан и Коби Брајант никогаш не успеале да поврзат такви четири натпревари.
Во оваа категорија успеа да собори и еден рекорд на најдоминантен центар на сите времиња. Во тие четири натпревари, тој постигнуваше најмалку 38 поени и по 12 скока секој пат, соборувајќи го рекордот на Сиксерс кој го држеше Чембрлен со три такви натпревари по ред.
Оваа сезона Ембиид има најдобар просек во кариерата од 29,0 поени, 4,3 асистенции и 38% тројки, со 10,8 скока и 1,4 блокади и е еден од најсериозните кандидати за МВП, заедно со Никола Јокиќ и Јанис Антетокунмпо. Сиксерси се на шестото место на Истокот, но многу блиску до врвот со сооднос 28-19, иако цела сезона играат без втората ѕвезда Бен Симонс.