Koшаркарскиот клуб Валенсија за кој игра македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја запиша првата сезонска победа во Ендеса лигата во Шпанија.

Фаворитот вечерва во 2.коло славеше на гостувањето кај Манреса со убедливи 89-69. Димитријевиќ беше во првата петорка и реализираше 17 поени, два скока и шест асистенции. Хозеп Пуерто исто така реализираше 17 поени, Дубљевиќ и Клавер имаа 14, односно 13 поени.

Во првото коло тимот на нашиот кошаркар загуби од Басконија.