Бруклин Нетс го суспендираше Кајри Ирвинг на најмалку пет натпревари.

Ирвинг беше суспендиран поради силна реакција на јавноста откако американскиот кошаркар ги одобри антиеврејските пораки.

Суспензијата на Ирвинг е на неодредено време или барем на следните пет натпревари во НБА.

Ирвинг стана мета на критичарите затоа што објави линк од филм во кој се дискутираат различни теории на заговор за Евреите, ги поддржа изјавите на водечкиот американски теоретичар на заговор Алекс Џонс…

После тоа тој не се ни извини како што треба, па реакцијата на јавноста стана уште пожестока, а Бруклин сега се почувствува повикан да реагира.

„Во текот на изминатите неколку дена постојано се обидувавме да му помогнеме на Ирвинг да разбере колку се опасни и штетни неговите зборови и постапки. Мислевме дека образовниот пат е вистинскиот и дека постигнавме напредок во заедничката работа против омразата и нетрпеливоста. Денеска сме убедени во спротивното, бидејќи Кајри за време на прес-конференцијата одби недвосмислено да ги отфрли антисемитските убедувања, но и да прифати дека во спорниот филм има материјали од омраза. Не беше првпат да има можност , но не успеа да го објасни тоа“, се вели во соопштението на Нетс и додаваат:

„Бидејќи тој не се откажа од својата омраза кон Евреите кога имаше јасна можност, што е крајно вознемирувачко и спротивно на она што верува нашата организација, наша одлука е дека не е соодветно Бруклин Нетс да биде поврзан со Кајри Ирвинг во овој момент. .

Ирвинг нема да добива плата за време на суспензијата, а од неа ќе може да се извлече дури откако ќе задоволи низа „објективни мерки за поправка“ кои ќе се справат со „штетното дејство на неговото однесување“.

Кајри (30) беше најдобар играч на Нетси оваа сезона, заедно со Кевин Дурент, со 27 поени и по пет скока и асистенции по натпревар.

Ирвинг заедно со Бруклин претходно донирале 500.000 долари на организација која работи на искоренување на омразата и нетрпеливоста, но шефот на таа организација – одбил.

https://twitter.com/LakersFanatico/status/1588338924635971584?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1588338924635971584%7Ctwgr%5E3fdc5614701b8e0c1d1a1d697bc78a546a6c4254%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fnba%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D11dd%3D04nav_id%3D2237660