Екипата на Реал Мадрид по тешка битка го преживеа пеколот во реваншот на Бернабеу против Сосиедад, и е севкупен победник во двомечот па се пласира во финале на Копа дел Реј.

Фудбалерите на Карло Анчелоти одиграа 4-4 по продолженија и 120 минути игра,  но поради победата од 1-0 на гости во Сан Себастијан ќе играат во финалето во Севиља на 25 април.

Беренечеа по еден контранапад влезе во шеснаесетникот, и откосо го совлада Лунин за водство од 1-0. Во 20-та минута Винисиус од средината на теренот испрат маестрално додавање во празно, Ендрик го претрча дефанзивецот , ја поткопа топката и го префли голманот Ромеро за 1-1.

Во второто полувреме од 72 минута се случуваше вистинска фудбалска драма.

Марин влезе во казнениот простор, шутираше а Алаба си постигна автогол. Набрзо потоа Ојарзабал стрелаше за 3-1 за Сосиедад и гостите веќе помислија дека се во финале во битка за пехарот. Но потоа следуваа минути за кралевите од 82 до 86 кои експресно се вратија во егал до 3-3.

По голот на Ојарзабал, во наредниот напад Белингем намали на 3-2, а потоа Винисиус нафрли а Чуамени со глава го совлада Ромеро за израмнување.

Сепак, тоа не беше и крај на возбудувањата, за што по еден прекин во 93 минута се погрижи Ојарзабал со гол со глава кој реализира за 4-3 за баскијците.

Се играа продолженија, а клучен момент беше во 115. минута. Младиот Гулер одлично нафрли од корнер, а Рудигер со удар со глава го совлада Ремиро за 4-4 и го однесе Реал во финале на Копа дел Реј.

Во второто полуфинале играат Атлетико Мадрид и Барселона, а по првиот меч резултатот е 4-4.

ОВДЕ може да ја погледнете голеадата.