Српскиот тениски ас Ѓоковиќ не успеа да го освои 100-тиот трофеј во својата кариера. Во финалето на АТП турнирот во Мајами загуби од чешкиот тенисер, Јакуб Меншик, со 2-0 во сетови. Новак Ѓоковиќ немаше доволно сили да се спротивстави на скоро двојно помладиот тенисер и двата сета после голема борба ги загуби во тај-брејк.
Финалето доцнеше скоро шест часови поради дождот кој врнеше во Мајами, теренот беше лизгав, а Ѓоковиќ со крајни напори се држеше во мечот, па можеше да загуби и поубедливо.
Меншик направи сензација и со 7-6, 7-6 после два тај-брејка, го спречи најголемиот светски тенисер да се закити со стотиот трофеј во кариерата.
Српскиот ас пред овој меч се најде во проблеми, имаше и проблеми со окото.
Меншик имаше феноменална контрола на играта против ривалот кој му е идол. Чехот стартуваше фуриозно за водство од 4-1 во првиот сет, но Новак експресно се врати во егал, стигна и до тај-брејк, но имаше негатива од пет поени, па го загуби првиот сет. Во првиот сет Ѓоковиќ имаше незгоден пад но за среќа немаше посериозна повреда.
Вториот сет беше рамноправен, се играше гем за гем, Меншик и Ѓоковиќ беа сигурни на свој сервис, а само двапати младиот Меншик имаше шанса за брејк, но без успех. И вториот сет отиде во тај-брејк, во кој младиот Меншик направи брејк за 5-3 и успеа да ја совлада големата тениска звезда откако ја искористи втората меч-топка.
За Јакуб Меншик ова е прв трофеј во неговата професионална кариера.