Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се закити со титула на фјучрсот во Опатија и загуби во финалето на турнирот со награден фонд од 15.000 долари.

Македонецот одигра импресивна серија, остварувајќи три победи во квалификациите и уште четири триумфи на главниот турнир, но денес немаше доволно сили за уште еден подвиг, загуби од домашниот претставник кој беше прв носител, Лука Микрут.

20-годишниот Хрват во првиот сет направи брејк, доволен да дојде до 6:3 и освојување на првиот сет.

Ивановски испушти израмнување во продолжението, имаше брејк предност за 4:1, но потоа Микрут се врати со два брејка, а Ивановски мораше да возвраќа за да избори тај-брејк.

Микрут го доби тај-брејкот со 7:4 и триуфмира во финалето, со што Ивановски остана на пет освоени трофеи во кариерата.

Калин Ивановски со пласманот во финалето го оствари еден од најдобрите резултати во последно време, поточно по враќањето од тешката повреда