Екипата на Интер Мајами е нов лидер на Источната конференција во МЛС лига, со победата над Филаделфија јунион со 2-1.
За Интер ова е четврта победа во низа, а имаат и натпревар помалку од второпласираната Филаделфија.
Аргентинскиот ас и најголема ѕвезда на Интер, Лионел Меси, беше резерва, влезе во игра во 55-та минута при водство од 1-0 за неговиот тим, и само две минути подоцна постигна гол за 2-0.
Неговата прослава на голот, симулираше тениски форхенд, веројатно му го посвети на Новак Ѓоковиќ со кого се сретнаа после полуфиналето на Новак на Мастерсот во Мајами.
Асистент на голот беше уругваецот Луис Суарез кој ја почна убавата контра, а ја заврши Меси со гол.