Екипата на Барселона постигна уште една убедлива победа, попладнево ја совлада Џирона со 4-1.Каталонскиот тим има три бода предност на врвот на табелата пред големиот ривал Реал Мадрид.
Каталонците се наоѓаат во извонредна победничка серија. Од почетокот на 2025. год. не знаат за пораз, во меѓувреме само три пати одигра нерешено во сите натпреварувања. И понатака се во конкуренција, но и фаворити за освојување на трите трофеи. Ханси Флик е пред историска сезона на клупата на Барса. Тимот во Примера е совршен, и на последните девет натпревари има девет победи. Екипата функционира како машинерија предводена од полската гол машина Левандовски.
Полскиот голгетер константно докажува дека годините се само бројка, па и во 36. -та година докажува дека е машина за голови. Безмилосно ги тресе противничките мрежи и во Примера и е блиску до стотиот гол во дресот на Барса. И денес постигна два гола а првиот беше чудесен.
Барса дојде во водство во 43 минута по слободниот удар на Јамал, дефанзивецот Крејчи си постигна автогол со рака.
Голема шанса имаше и Араухо, но неговиот удар со глава, со фантастична одбрана го скроти Газанига.
Џирона по една пеколна контра се врати со голот на Данџума во 53.минута, но потоа следуваше тотална доминација на каталонците.
Роберт Левандовски со акробатски удар донесе нова предност за Барселона во 61.минута, а потоа и зголеми на 3-1 во 77.минута.
Френки де Јонг повлече одлична контра, го проигра Левандовски а тој со силен и прецизен удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата на Жирона.
Одлична шанса за гол имаше и Гарсија, но топката заврши во стативата на гостинскиот гол.
ОВДЕ можете да ги погледнете головите.