Српскиот напаѓач Влаховиќ е во извонредна голгетерска форма и е на третото место на листата на стрелци во Серија А откако постигна два гола во победата на Јувентус против Сасуоло со 3-0.

Со оваа победа, „бјанконерите“ се на чекор од лидерот Интер, на два бода негатива. Јуве ја оствари четвртата победа во низа во италијанското првенство. Влаховиќ даде два спектакуларни гола во првото полувреме, а во финишот од дуелот, Киеза го постави конечниот резултат на мечот во Торино. Посебно убав беше вториот гол на Србинот кој го постигна од слободен удар, па сега има вкупно девет гола и пред него се само Оливие Жиру со десет и водечкиот стрелец Лаутаро Мартинез со 18 голови.

 

Оваа победа е највисока на Јувентус на домашен терен оваа сезона, а идентичен триумф оствари на гостувањето кај Удинезе во првото коло.