По четири настапи во низа во финалните натпревари и пет медали на последните пет првенства, Шпанија доживеа елиминација уште во групната фаза од Европскиот шампионат во Германија. Шпанија претходно играше четири пати во финале и освои пет медали на последните пет ЕП во ракомет..
За големата сензација се погрижи Австрија која одигра нерешено (33-33) со актуелниот европски вицешампион и си обезбеди место меѓу 12. најдобри и тоа со еден пренесен бод, од дуелот со Хрватска. Пласманот на Австрија е апсолутно заслужен. Водеше во поголем дел од дуелот, само во второто полувреме Шпанија имаше предност од еден гол.
Вистинска драма се случуваше во последната минута, Шпанија поведе со 33-32, но Австрија го имаше последниот напад. Ветеранот Јанко Божовиќ на десет секунди пред крајот ја затресе противничката мрежа за израмнување и на Австријците им го донесе потребниот бод. Австријасо четири бода го освои второто место во групата и обезбеди пласман во следната фаза. Губитник е Хрватска која во случај да се пласираше Шпанија ќе пренесеше два бода, а вака има само еден бод.
Во дербито на денот, Франција ја победи Германија со 33-30 и со два бода се пласира во втора рунда од ЕП.
Франција – Германија 33-30
Исланд – Германија 25-33
Шпанија – Австрија 33-33