Талентираната македонска 16-годишна ракометарка, Ива Младеновска, од следната сезона ќе настапува во францускиот шампионат за екипата на Брест.
Најголемиот македонски ракометен бисер, со францускиот тим потпиша четиригодишен договор и е петто засилување по Жулиет Фор, Шарлот Шолевова, Одри Дембеле и Валерија Маслова.„Одлично се чувствувам, отсекогаш сонував да играм за голем тим како што е Брест и сега ми се оствари сонот. Возбудена сум што во иднина ќе го носам дресот на Брест. Можам да им ветам на навивачите дека ќе гледаат одлични акции и голови и се надевам дека заедно ќе се радуваме на многу победи на Брест“, изјави Младеновска по потписот на договорот со францускиот тим.
Младеновска сезонава ќе ја доигра во Металург, а веќе е членка на сениорската репрезентација на Македонија, и има настапувано и за кадетската и за младинската селекција.