Македонскиот интернационалец Томислав Јагуриновски имаше фантастично деби на првиот натпревар на Исланд.
Тој беше најдобар играч во тимот на Тор Акурејри во натпреварот што избраниците на Стевче Алушовски го добија на гостински терен кај Берсеркир со убедливи 37-24.
Јагуриновски постигна вкупно 12 погодоци, од кои два беа од седмерци. Победата беше обезбедена уште по првото полувреме кога Тор водеше со 20-12, а во тој дел од мечот Македонецот даде девет гола .
ВИДЕО
Сега Тор Акурејри има половичен биланс од две победи и два порази, а следниот натпревар го игра дома на 29 октомври против Афтурелдинг.