Валенсија вечерва ја надигра МораБанк Андора и славеше со 76-75 за четврти триумф сезонава во шпанската АЦБ-лига, а македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна
Екипата на Димитријевиќ ја доби првата чевртина со 24-17, по што нивната предност почна да се топи и се намали на само три поени (39-36).
Валенсија добро ја отвори третата четвртина, кога избега на девет поени предност (45-36), но потоа МораБланк Андора влезе во одлична серија и направи пресврт (47-45).
МораБланк почна да попушта под притисокот на Валенсија, која во последната четвртина избега и на +11 (66-55), но како минуваше времето, така тие играа сѐ полошо, па во драматичен финиш неколку пати се менуваа тимовите со водство за на крај да слави со 76-75.
Димитријевиќ го заврши натпреварот со 14 поени, шест скокови и две асистенции за 27 минути поминати на теренот.