Маестралните потези на Никола Јокиќ го одбележаа натпреварот помеѓу Сан Антонио и Денвер.
Нагетс на гости ги совладаа Спарси со 127:112 и со тоа се реваншираа за поразот што го претрпеа пред два дена.
Избраниците на тренерот Мајк Мелоун до триумф ги предводеше маестро Никола Јокиќ, кој одигра уште еден меч за паметење. Србинот го заврши натпреварот со 35 поени, 17 скока и осум асистенции, од кои две се истакнаа.
Јокиќ во еден напад беше опкружен со тројца играчи на Сан Антонио, се чинеше дека е во безизлезна ситуација, но феноменалниот српски центар најде решение.
https://twitter.com/TheAthleticNBA/status/1469872326959251457?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1469872326959251457%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Fkosarka%2F3827887%2Fnikola-jokic-san-antonio-denver-asistencije-kosarka-nba-liga
Без гледање му ја додаде топката на Ерик Гордон кој сам остана на линијата за три поени.
Тоа не беше единствениот потег што ги остави Американците без зборови. Љубителите на кошарката „преку окенанот“ со подотворена уста гледаа како Србинот асистира со едната рака.
На спектакуларен начин Никола уште од првиот допир им ја додаде топката на соиграчите.
https://twitter.com/Ballislife/status/1469878048568877056?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1469878048568877056%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Fkosarka%2F3827887%2Fnikola-jokic-san-antonio-denver-asistencije-kosarka-nba-liga