По победата над Швајцарија а во пресрет на дуелот со Словачка еден од најдобрите поединци во Македонската кошаркарска репрезентација, капитенот Бојан Трајковски изјави:
„Секако дека сме задоволни сите, напорно работевме и испочитувавме се што требаше да испочитуваме. Се бодревме и боревме, сите бевме заедно, на крајот резултатот е во наша корист. Швајцарија е една одлична репрезентација, со години наназад растат како национален тим, така што, на крајот добро е што резултатот заврши во наша полза и се реванширавме.
Со селекторот сме одлични, сите работи што се случија пред полувремето беа во жарот на борбата. Двајцата сме малку емотивни, сакаме да победиме. Си подадовме рака и си простивме еден на друг“.
Утре во 19 часот закажан е последниот натпревар со репрезентацијата на Словачка. Да потсетиме првиот меч со словаците го добивме убедливо со резултат 69:47.