Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон се огласи на Твитер откако Талибанците ја вратија власта во Авганистан по 20 години.
Особено шокантни беа снимките од аеродромот на кои се гледа како очајни луѓе се обидуваат да избегаат од земјата. Имено, илјадници Авганистанци провалиле на пистата на аеродромот во Кабул, додека неколку луѓе се држеле до опремата за слетување на авионот. Тројцата паднаа набргу по полетувањето на авионот и починаа.
Овие сцени од Кабул го шокираа Буфон кој се огласи на Твитер.
“Се што се случува во Авганистан изгледа нереално. Не го разбирам времето на повлекување на армијата, но очајот на овие луѓе е толку болен и срцепарателен”, напиша Буфон.