Капитенот на Челзи и шпанскиот репрезентативец Цезар Аспиликуета (32) би требало да стане нов играч на Барселона на лето, пишува каталонски спорт. Неговиот договор со лондонскиот клуб истекува на крајот на сезоната, а Спорт тврди дека тој веќе договорил се со Барселона.
Чави верува дека сестраниот дефанзивец, кој за 10 години во Челзи играше и како десен и лев бек и стопер, ќе биде големо засилување за неговиот тим. Заедно со него Барселона ќе се обиде да го доведе и 25-годишниот дански стопер Андрес Кристенсен од Челзи, чиј договор исто така истекува ова лето.
Аспиликуета дојде во Челзи во 2012 година од Марсеј а потекнува од Осасуна. Ова му е трета сезона во која е капитен на Челзи, за кој досега настапил 458 пати и постигнал 15 голови. За шпанската репрезентација играше 36 пати и постигна еден гол.