Норвежаните конечно имаат злато на големата скокалница. Мариус Линдвик со два одлични скока обезбеди златен медал и го постигна најголемиот успех во кариерата .

Норвежанецот Мариус Линдвик (23) го освои златниот медал во скијачки скокови на големата скокалница на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Младиот Норвежанец го постигна најголемиот успех во кариерата со скокови од 140,5 и 140 метри, освојувајќи 296,1 поен.

Така, Линдвик стана првиот Норвежанец кој освоил олимписко злато на големата скокалница по Торалф Енган на Зимските олимписки игри во Инсбрук во 1964 година.

Среброто го освои Јапонецот Риоју Кобајаши кој по првата серија беше во водство со скок од 142 метри, но во втората серија скокна четири метри пократко. За 25-годишниот Јапонец тоа е втор медал во Пекинг откако освои злато на малата скокалница.

Третото место му припадна на Германецот Карл Гајгер со скокови од 138 метри. Водечкиот скокач во Светскиот куп беше шести по првата серија, но со вториот скок се проби до бронзата, неговиот втор олимписки медал. Во колекцијата има и тимско сребро од Пјонгјанг.

Словенецот Тими Зајц, кој беше трет по првата серија, го освои шестото место, додека бранителот на титулата од 2018 година, Полјакот Камил Штох овојпат беше четврти.

Пред ски скокачите остана само упте екипниот натпревар во понеделник.

РЕЗУЛТАТИТЕ:
1. Мариус Линдвик (Нор 296,1 поени (140,5 / 140 м.)
2. Рјоју Кобајаши (Јапонија) 292,8 (142/138)
3. Карл Гајгер (Гер) 281,3 (138/138)
4. Камил Штох (Пол) 277,2 (137,5 / 133,5)
5. Маркус Ајзенбихлер (Гер) 275,7 (137,5 / 139,5)
6. Тими Зајц (Сло) 273,2 (138,5 / 130,5)
7. Мануел Фетнер (Аут) 272,7 (138,5 / 134)
8. Халвор Егнер Гранеруд (Нор) 271,4 (135 / 135,5)
9. Јан Хорл (Аут) 270,9 (136/137)
10. Петер Превц (Сло) 268,7 (137/137)