САД и Канада требаше да дојдат на Олимписките игри со многу силни состави исклучиво со играчи од НХЛ, но одлуката на лигата да не им дозволи на играчите на МХЛ им ги расипа плановите .
Канада одлично отвори на Олимпијадата, Германија беше прв противник, а Канаѓаните дојдоа до победа од 5-1.
Канаѓаните беа многу ефикасни и добро ги искористија можностите и иако Германија немаше многу помалку удари кон голот, беа убедливо поразени.
Веќе во првите десет минути, Канада стигна до 3-0 со головите на Алекс Грант (Јокерит), Бен Стрит (Минхен) и Даниел Виник (Сервет).
Германија успеа да намали во средината на вториот дел преку Тобијас Ридер (Ваксјо), но Канада не дозволи кам-бек и високо славеше со головите на Максим Норо (Цирих) и Џордан Вел (Казан).
Американците против скромниот домаќин Кина упатија дури 55 удари кон голот и забележаа многу висока победа од 8:0. Кина е најлошата репрезентација на овој турнир и не е конкурентна, а тоа се виде и на овој дуел.
Головите за САД ги постигнаа Брендан Брисон (Универзитет Мичиген), Ноа Кејтс (Минесота Дулут), Брајан О’Нил (Јокерит), Шон Фарел (Харвард), Бен Мејерс (Универзитет Минесота), Метју Бениерс (Мичиген).
Олимписки игри:
Канада – Германија 5:1
САД – Кина 8:0