Германскиот тим во санкање ја освои титулата олимписки победници во екипна конкуренција на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Германија, која беше претставена со олимписките победници во сингл,  жени (Натали Гајзенбергер) и мажи (Јоханес Лудвиг), и златните во двојки (Тобијас Вендл и Тобијас Арлт), го оправдаа статусот на фаворит иако беа само 80 илјадитинки подобри од сребрените Австријци Медлин Егл, Волфганг Киндл, Томас Стеу и Лоренцо Колер.

Бронзените медали ги освои репрезентацијата на Летонија во состав Елиза Тирум, Кристерс Апарјодс, Мартинс Ботс и Робертс Пламе со 948 илјадитинки послабо време од Германците. Ова е прв медал за Летонија на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Германија на тој начин успеа да го освои златото во сите четири санкачки дисциплини  кои беа на програмата на оваа Зимска Олимпијада.

РЕЗУЛТАТИ:
1. Германија 3: 03.406
2. Австрија +0,080
3. Латвија +0,948
4. Русија +1.261
5. Италија +1.446
6. Канада +1.829
7. САД +2.335
8. Полска +3.730
9. Романија +4.286
10. Чешка +6.150