Американската скијачка Микаела Шифрин во изминативе години покажа дека е број еден светска скијачка. Американката во моментов е неприкосновена, и успеа да слави денес на слаломот што се одржа во Словачка, во ски центарот Спиндлерув Млин.
Шифрин водеше по првата трка со што најави триумф, а до него дојде откако извози речиси перфектна втора етапа со вкупен резултат од 1:33:85. Дуер од Германија заврши втора со 60 стотинки заостаток, додека пак Венди Холденер од Швајцарија заврши трета со секунда и 31 стотинка зад Шифрин.
Американката води во генералниот пласман со огромни 1517 поени пред Лара Бехрами Гут со 906 поени.