Белоруската тенисерка, Арина Сабаленка победи на овогодинешното издание на Австралија опен, и тоа за неа е прва грен-слем титула во кариерата.
Сабаленка и Рибакина одиграа фантастично женско финале на Австралија опен кое го доби белоруската тенисерка со 2-1 во сетови.
Рибакина почна одлично, го доби првиот сет со 6-4, но Сабаленка возврати па следниот го доби таа со 6-3.
Во третиот решавачки сет, Сабаленка беше подобра со 6-4 и го доби дуелот со 2-1 во сетови, за нејзина прва грен-слем титула во својата кариера.