Полскиот тенисер Хуберт Хуркач ја освои титулата на Мастерсот во Шангај. Тој во финалето во три сета во драматичен меч го совлада Русинот, Андреј Рубљев и славеше со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 7-6/8)
Хуркач ги имаше работите под контрола во првиот сет, во шестиот гем направи клучен брејк и поведе со 1-0. Рубљев многу брзо се врати во дуелот. На стартот од вториот сет направи брејк, поведе со 3-0 и го задржа водството до крајот.
Во третиот сет видовме вистинска војна на нерви, особено во самиот финиш. Во решавачкиот сет немаше брејкови, се играше гем за гем а Хуркач имаше меч топка во десеттиот гем, која не ја искористи. Се отиде во тај-брејк, во кој полскиот тенисер беше поконцентриран и триумфираше со 10-8.
Хуркач е првиот тенисер надвор од ТОП 10 кој има победено на Мастерсот во Шангај. До овогодинешното издание на турнирот, Шангај беше единствениот турнир од серијата 1.000 што го освојувале само тенисери од ТОП 10. За Хуркач ова е втора Мастерс титула, а вкупно седма во кариерата.