Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски освои златен медал на турнирот Загреб Опен Г1, кој викендов се одржува во Хрватска.
Олимпискиот вицепрвак во таеквондо прво победи против Марко Насо од Италија, а потоа во полуфиналето беше подобар од Патрик Переира Кардосо од Бразил. На крајот успеа да го совлада Брајан Зондероп и да освои златен медал.
Ова е второ злато за Георгиевски овој месец, откако претходно беше најдобар и на турнирот Г1 Тирана Опен.