Македонскиот кик боскер , Димитар Ѓорѓиев е нов светски првак во кик бокс . Тој на светското првенство во Лидо Ди Јесоло , Италија во финалето го совлада Никола Дробњак од Босна и Херцеговина и се закити со златниот медал и титулата светски првак . Претходно Ѓорѓиев во полуфиналето беше подобар од Никола Николов од Бугарија . Ова е четврат титула светски првак за популарниот Диме .
Претходно , другиот наш претставник Бобан Илиоски не успеа да се пласира ви полфинале , загуби од Александар Менковиќ од Србија .