Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ Вулета по вторпат во кариерата стана светска шампионка во сала во скок во далечина. Вечерва славеше дома во Белград, прескокнувајќи 7,06 метри.
Претходно, најдобра во светот во сала беше во Бирмингем во 2018 година.
Ивана имаше два точни скока од шест серии, а и двете беа најдобри во финалето, бидејќи во втората серија скокна 6.89 метри. Второто место го зазеде Нигеријката Езе Брум (6,85 метри).
Третото место го зазеде Британката Лорејн Јуџин, која во третата серија скокна за 6.82. По нив следеа две Американки – Тифани Флин (6.78) и Кваниша Буркс (6.77), потоа Украинката Марина Бек-Романчук (6,.73), Фатима Дијаме од Шпанија (6.71) и Нигеријката Рут Усоро (6.69).