Заврши блескавата серија на Рафаел Надал, откако во финалето на Индијан Велс, шпанскиот ас доживеа пораз од Тејлор Фриц со 0-2 во сетови (3-6, 6-7), победа со која Американецот дојде до првата Мастерс титула на овој турнир.
Фриц одигра феноменален натпревар и е првиот кој славеше над 21-кратниот Грен Слем шампион во актуелната календарска година, или по 20 победи во низа на Шпанецот. Во првиот сет Фриц тргна одлично и уште на стартот поведе со 0-4, а потоа иако паднаа уште два брејка, не беше доведена под знак прашалник воведната предност во дуелот.
Во вториот сет, пак, двајцата направија по еден брејк. Откако Фриц не искористи меч-поен при предност од 4-5, Надал изедначи, па мечот замина во тај-брејк во кој како клучна се покажа играта на Фриц кога од предност 5-4 за Надал, ги казни грешките на противникот и направи два брејка, а потоа искористи свој сервис за голема победа.
Фриц е првиот тенисер од Соединетите Американски Држави кој освоил АТП Мастерс од 2018 година, или првиот од САД со триумф на Индијан Велс од 2001 година кога последен пат трофејот го крена домашниот ас Андре Агаси.