Александер Зверев во два сета го победи унгарскиот тенисер Фабијан Марошан и обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Мајами.
Зверев игра одлично во тениската сеџзона 2024, тоа го потврдува и во Мајами каде се пласира во полуфиналето на турнирот.
Тој рутински во два сета го совлада Фабијан Марошан, со 6-3 и 7-5 во сетови.
Во полуфиналето Зверев ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Григор Димитров.
Претходно, првата полуфинална двојка ја формираа Јаник Синер и Данил Медведев.