Серхи Стаховски, украинскиот тенисер кој на почетокот на годинава ја заврши кариерата со пораз на стартот од квалификациите за Австралија опен, најави дека како волонтер ќе ја брани Украина од руската инвазија.
„Армијата отвори место за резервни војници, за секој што сака да се бори, да земе оружје и да биде дел од територијалната одбрана. Има многу доброволци, меѓу кои и јас, го потпишав формуларот за пријавување минатата недела. Немам воено искуство, но знам како да ракувам со оружје“, рече Стаховски (36).
Украинецот освои четири АТП титули. Првпат го освои турнирот во Загреб во 2008 година. Најмногу е запаметен по победата над Роџер Федерер во 2013 година на Вимблдон. На турнирите во кариерата има заработено повеќе од пет и пол милиони долари.