После два дена минати во подземни гаражи откако започна руската инвазија, родителите на Јастремска решиле да ги евакуираат своите две ќерки, па на заминување не можеа да се сопрат солзите од разделбата.
„После две ноќи по подземни гаражи, моите родители донесоа одлука по секоја цена мене и мојата сестра да нѐ извадат од Украина. Мама, тато, ве сакаме многу, чувајте се“, напуша Јастремска.
Најдобар пласман на Јастремска беше 21-то место на ВТА, има три трофеи од ВТА-турнирите, но потоа беше суспендирана за допинг после позитивен тест, а минатото лето се врати на турнирите.