Фудбалската репрезентацијата на Полска на 24 март треба да ги одмери силите со Русија во полуфиналниот бараж за Светското првенство во Катар во 2022 година, но засега не е сигурно дали натпреварот ќе се одржи. Русија и Украина веќе подолго време се на работ на војна, а ескалацијата на ситуацијата би можела значително да се одрази на фудбалскиот имиџ на Европа.
„Мислам дека во ваков случај натпреварот нема да се одигра во Русија, ФИФА веројатно ќе реши да се игра на неутрален терен. Исто така мислам и дека Русија нема да биде исфрлена од баражот за Светското првенство пора, имајќи предвид дека во историјата имало и посериозни случаи кога ФИФА немала директни санкции кон одредени земји и репрезентации“, коментира Михал Лицкиевич, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Полска.
Полските медиуми создаваат атмосфера дека полските фудбалери треба да го бојкотираат бараж натпреварот во Москва.
„Мислам дека не треба да одиме во Москва на 24 март. Но, тоа веројатно би требало да биде дури и одлука од национално значење, која оди многу подалеку од надлежностите на Полската фудбалска асоцијација“, пишува Кжиштоф Становски, новинар на „Канал Спорт“.