Ѓоковиќ на стартот на годината го освои Австралијан опен, иако имаше проблеми со повреда, но вели дека истата е надмината и подготвен е за нов предизвик.
„Убаво е да се биде во Дубаи. Се сеќавам на сите титули кои ги освоив тука. Среќен сум поради поддршката која ја добивам. Би сакал да останам на врвот на АТП-листата, сакам секој турнир да го освојам. Мој приоритет е да бидам здрав, а во моментов не чувствувам болка и подготвен сум за борба“, кажа Ѓоковиќ.