Капитенот на Аргентина и фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, е избран за најдобар фудбалер во светот за 2022 година во изборот на ФИФА. Тој ја доби наградата „The Best“ откако ја предводеше Аргентина до титула на Мундијалот во Катар.

„Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи од репрезентацијата на Аргентина, на селекторот Лионел Скалони, на сите аргентински фанови, на соиграчите и стручниот штаб на Пари Сен Жермен, на моето семејство за огромната поддршка. Без сите вас немаше да бидам тука и среќен сум што го остварив и мојот најголем сон, титулата на Светското првенство. Благодарност, се разбира, за ФИФА за оваа голема награда“, изјави Лионел Меси.

Во идеалниот тим на годината во машка конкуренција во изборот на ФИФА се најдоа: Тибо Куртоа, Ашраф Хакими, Жоао Кансело, Вирџил ван Дајк, Кевин де Бруин, Лука Модриќ, Кашемиро, Лионел Меси, Килијан Мбапе, Карим Бензема, Ерлинг Холанд.

Најдобра светска фудбалерка е Алексиа Путелјас, која ги освои трофеите во Шпанија со тимот на Барселона.

Во идеалниот тим на годината во женска конкуренција се најдоа: Кристиане Ендлер, Луси Бронз, Марија Леон, Леа Вилијамсон, Венди Ренард, Алексија Путелјас, Кира Волш, Лена Обердорф, Алекс Морган, Сем Кер, Бет Мид.

СИТЕ НАГРАДИ „THE BEST“ НА ФИФА

Најдобар фудбалер: Лионел Меси (Аргентина/ПСЖ)

Најдобра фудбалерка: Алексиа Путелјас (Шпанија/Барселона)

Најдобри навивачи: Аргентина

Фер-плеј: Лука Локошвили (Грузија/Кремонезе)

Најдобар голман: Емилијано Мартинез (Аргентина/Астон Вила)

Најдобра голманка: Мери Ерпс (Англија/Манчестер Јунајтед)

Најдобар тренер во женска конкуренција: Сарина Вигман (селекторка на Англија)

Најдобар тренер во машка конкуренција: Лионел Скалони (селектор на Аргентина)

Најдобар гол: Марцин Олекси (Полска)