По одлуката да и биде забрането учество на Светското првенство во Катар годинава, Русија е исфрлена и од квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
УЕФА денеска потврди дека „зборнаја“ нема да биде дел од ждребот за Европското првенство во Германија, кое ќе се одржи на 9 октомври во Франкфурт.
Русите веќе се исфрлени од Лигата на нации, а нивните клубови добија забрана за настап во европските натпреварувања.
Причината за ваквата одлука е добро позната, тоа е руско-украинскиот конфликт.
По повод оваа одлука, Фудбалската федерација на Русија објави кратко соопштение.
„Руската репрезентација нема да учествува во ждрепката за квалификациската фаза на ЕУРО 2024. Причината за ова е февруарската одлука на УЕФА да го суспендира учеството на руските тимови и клубови во натпреварувањата под капата на таа организација до понатамошно известување”.