Хрватскиот фудбалер за врска и поранешен член на загрепски Динамо, Ловро Мајер зимава можно е да стане најскапиот Хрват во историјата, откако француски Рен чиј член е ја одредил цената за која е подготвен да го продаде – 60 милиони евра.
За Мајер имаше сериозна заинтересираност од низа европски великани, од Ливерпул, ПСЖ, Барселона до Реал Мадрид, кој го сака долгорочно како замена за сонародникот Лука Модриќ, а и во Хрватска во Мајер гледаат „нов Модриќ“, зашто потсетува на фантастичниот фудбалер и по конституција, изглед и по играта.
Но, Атлетико Мадрид во моментов е најзагреан и бара начин како до јануари да ја заврши работата, за да не дозволи да се вмешаат другите ривали. Наводно, на „Метрополитано“ се веќе подготвени за продажба на две ѕвезди и со парите да го купат Хрватот, а од Рен веќе добиле повратен одговор дека е достапен за 60 милиони евра.
Мадриѓаните и летоска сакаа да го купат Мајер, но тогаш не успеаа да ја спуштат цената и трансферот пропадна. Инаку најскап хрватски фудбалер е Матео Ковачиќ кој за 45 милиони евра замина од Реал Мадрид во Челси.