Вилјареал и Севилја одиграа 1-1 во пресметката која имаше гол-разврска во финишот од дуелот. „Жолтата подморница“ дојде во водство со голот на Џовани Ло Селсо во 86.минута.

Сепак, Жул Кунде не дозволи Севилја да замине поразена. Успеа да постигне погодок во 96.минута од дуелот и освои бод за својот тим.