Мемфис Депај минатото лето дојде како слободен агент, но и големо засилување за Барселона, но по се изгледа тој од наредната сезона ќе игра во нов великан.
Напаѓачот не се снајде баш на „Камп Ноу“, особено по доаѓањето на Чави каде што падна во втор план, а според последните информации, тој ќе прејде во редовите на Интер. Од таму, пак, сè погласни се шпекулациите дека Лаутаро Мартинез на лето ќе си замине и ќе бара авантура надвор од апенинскиот полуостров, а се шпекулира сума од 70 милиони евра која што Интер ќе ја бара од купците.
Депај, кој пред Барселона настапуваше за Лион и Манчестер јунајтед, за тимот од Каталонија има одличен учинок од 21 натпревар и 10 постигнати погодоци.