Данијел Мукс, авторот на биографската книга за Новак Ѓоковиќ, откри неколку интересни детали за тенискиот број еден.
Мукс, инаку малку познат на српската јавност, во подкаст за Sport1.de вели дека Новак „за многумина останува мистерија“, а насловот на книгата е „Новак Ѓоковиќ – живот во војна“.
Тој во книгата пишуваше за детството на Новак, за подемите и падовите, но ја опфати и соработката со тренерот Марјан Вајда.
Мукс тврди дека една од причините за прекин на соработката меѓу Србинот и Словакот е тоа што Новак упорно одбивал да се вакцинира.
„Знам дека тоа е една од причините зошто ја прекинаа соработката. Имаше жешки дебати, бидејќи Вајда поинаку гледаше на случајот со вакцинацијата. Тој силно го советуваше да се вакцинира“, вели Мукс.
Тој исто така тврди дека има одредени детали кои не можат да се објават во јавноста.
„Не можам да напишам се што се споменува во тие внатрешни кругови и што ми е кажано. Ѓоковиќ има клаузула која важи и по разделбата со секој член на персоналот што патувал со него. На пример, Гебхард Фил Грич не смее да каже кои вежби посебно ги работел со Ѓоковиќ . Новак е перфекционист кој ги склучил сите правни договори со најблиските“, изјави Мукс.