Хрватската тенисерка Дона Векиќ не успеа да приреди уште едно изненадување на женскиот тениски турнир во Париз. Хрватската над сите очекувања се пласира во финалето на Олимписките игри, но таму немаше сили против разиграната Кинвен Женг (6-2, 6-3).
Натпреварувачката од Кина одигра моќно во големото финале.
Кинеската тенисерка, Кинвен Женг е нова олимписка шампионка откако во финалето во Париз во два сета ја совлада хрватската тенисерка, Дона Векиќ.
Векиќ со самиот пласман во финалето направи голем успех за неа и за Хрватска, сакаше да дојде и до златниот медал, но Женг беше подобра денеска.
Хрватската тенисерка изгледаше импресионирано на почетокот од самиот настан, Женг го искористи тоа и со убедливи 6-2 го доби првиот сет.
Во вториот се водеше поголема борба, гемовите траеа подолго, но и тој и припадна на Женг, овојпат со 6-3.
Женг испиша и историја, стана првата кинеска тенисерка која победила на Олимписки игри.