Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Мартина Навратилова (66 години) се соочува со најтешкиот меч во кариерата, откако ѝ беше дијагностициран рак и тоа на две различни места – на грлото и на дојката.
Станува збор за рекордерка со неверојатни 59 гренслем-титули во поединечна конкуренција и во игра на двојки, чии успеси тешко дека некој некогаш ќе успее да ги надмине.
„Ова е сериозен двоен удар по моето здравје, но ситуацијата уште може да се поправи и се надевам на поволен исход. Ќе се борам со сите сили, тоа ми е единствена опција“, порача Навратилова, кој уште во 2010 година за прв пат имаше рак на дојка, но тогаш успешно се справи со болеста.
Американката родена во поранешна Чехословачка требаше да работи како стручен консултант на гренслем-турнирот во Австралија, но сега сите активности ѝ се откажани. Ракот е откриен во прв стадиум и прогнозите се добри, а веднаш ќе почне со лекување.