Македонскиот тенисер Калин Ивановски со Олександр Овчаренко го освои трофејот во двојки во Куршумлиска Бања, откако беа подобри од Андреј Шепелев и Микалај Халиак со 2-1 во сетови.
Почетокот на натпреварот не беше добар за Ивановски и Овчаренко бидејќи го загубија првиот сет со 3-6, но во следниот по голема битка беа подобри во тај-брејк со 7-5.
Ивановски и Овчаренко во третиот сет доминираа против нивните ривали Шепелев и Халиак, па со 10-5 ја освоија титулата.
Македонскиоте тенисер утре ќе се бори и за титулата во сингл-конкуренција во Куршумлиска Бања, а ривал ќе му биде Клемен Табур.